Статива на денот: Средата не му беше среќна, за една утка испушти над 719.000 со 20 денари уплата

Еден прогнозер кој вчера во објект на обложувалницата Sport Life во центарот на Скопје уплатил 20 денари на тикет кој носи бруто-добивка од 846.178 денари, малку фалеше овој тикет да биде добитен и играчот да заработи чисти над 719 илјади денари. Ова е втор доказ дека вчерашниот ден не беше баш среќен за некои прогнозери бидејќи се појави и тикет со 20 денари уплата и добивка од 5.000 евра, кој исто така не беше добитен само поради една утка.

Победата на Алборг над Порто во ракометната Лига на шампионите е единствената утната прогноза на овој феноменален тикет на кој има осум натпревари.

Скопјанецот нанижал осум прогнози со квота 3.00 или поголема и погодил седум за тагата да биде поголема. Бидејќи мечот во Данска се играше од 18.45 часот, а три средби од тикетот се играа од 21 часот, не постоела можност за „штитење“.

За мечевите од фудбалската ЛШ, прогнозерот погодил дека ќе победат гостинските екипи во мечеви на кои ќе има гол и во прво и во второ полувреме, а истата игра е и за дуелот Бешикташ – Алањаспор. Погодил дека баскиското дерби ќе заврши нерешено, дека Јувентус ќе го совлада Наполи во меч со 2-5 гола и дека Старата дама ќе води и по првото полувреме. Точно му било претчувството дека Интер ќе слави над Сасуоло во средба со 3 или 4 гола, „намирисал“ и минимална победа на Црвена ѕвезда во белградското дерби.

Но, последниот меч на тикетот ги изневери. Типувано е на победа на Порто, но Никола Митревски и другарите загубија со 24-27 и испаднаа од ракометната ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести