За шутерските квалитети на Стеф Кари не треба да се трошат многу зборови. Бекот на Голден Стејт вориорс е еден од најдобрите, а за многумина и најдобар шутер на сите времиња.
Уште додека Голден Стејт играше во „Оракл Арената“, ритуал на Кари беше барем еднаш да шутира од тунелот кој води кон соблекувалните. Oткако тимот е преселен во „Чејс центарот“, тунелот е подалеку, но тоа не е проблем за Кари и постојано покажува дека има неверојатна прецизност.
STEPH HIT THE TUNNEL SHOT 🚨🚨🚨 pic.twitter.com/xpWZlpxYTG
— Warriors on NBCS (@NBCSWarriors) December 13, 2025
Бекот кој ги пропушти претходните пет меча, се врати на теренот за дуелот против Минесота, а покрај тоа што постигна 39 поени, посебно ги изненади гледачите, кога успеа да погоди „директно од соблекувалната“.
HOW 🤯 pic.twitter.com/aU1nQTCtsM
— Golden State Warriors (@warriors) December 13, 2025

