Стефан Ристовски по 50-ти пат во националниот дрес

Стефан Ристовски вечерва на гостувањето кај Полска од квалификациите за Европското првенство 2020 година, по 50-ти пат ќе настапи во дресот на македонскиот национален тим. Од Фудбалската федерација на Македонија му честитаа и му посакаа да биде меч за паметење.

Членот на Спортинг Лисабон, даде изјава пред дуелот со Полјаците кои со победа одат на ЕП, а наш триумф ќе значи борба до крај за второто место.

„Карактерот на оваа репрезентација не познава предавање. Полска е фаворит на хартија, но мечот има голема тежина. Ќе оставиме срце на терен, знаеме дека натпреварот може да ни донесе историска шанса за пласман на Европско првенство“ – изјави Ристовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести