Македонецот Стефан Ристовски беше пресреќен по победата на неговиот Динамо Загреб на гостувањето кај шпанскиот Бетис, а во изјава за телевизијата „Арена спорт“, истакна дека клубот Динамо многу значи за хрватскиот фудбал.
Динамо 61 година немаше победа на гости во нокаут-фаза на европско натпреварување кај тим од Топ 5 лигите во Европа. Модрите на претходните девет гостувања во Шпанија секогаш губеа, а го разбија и тој малер.
„Ова е победа за навивачите. Драго ми е што покажавме карактер кога беше најтешко. На половина пат сме, мора да одиграме паметно уште 90 минути. Одлично одигравме, бевме цврсти, прекинувавме контранапади на Бетис. Имавме доста шанси, а ете дадовме гол од пенал. Динамо со години игра во Европа, тие работи кај нас малку се ценат и се забораваат. Мило ми е што покажавме што значи Динамо во хрватскиот фудбал. Ќе продолжиме да молчиме и да работиме“, изјави Ристовски.