Стефано Пиоли е нов тренер на Ал-Итихад

Стефано Пиоли е нов тренер на гигантот од Саудиска Арабија, Ал-Итихад. Педесет и осумгодишниот стратег потпишал договор на три години.

Тој доаѓа на местото на Марсело Гаљардо, кој вчера и официјално беше разрешен од должноста.

Арапскиот клуб сака да ги предизвика Ал-Хилал и Ал-Наср во новата сезона по разочарувачките резултати во минатиот шампионат.

За Пиоли ова ќе биде прв клуб надвор од Италија. Во последните пет години беше на чело на Милан. Претходно ги водеше Палермо, Киево, Интер, Болоња и Фиорентина.

 

- Оглас -

Најнови вести