32.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Стефано Пиоли се врати на тренерската клупа на Фиорентина

Италијанскиот фудбалски стратег Стефано Пиоли е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Фиорентина, објави официјално клубот од Фиренца.

Пиоли потпиша договор на три години, враќајќи се во клубот каде што веќе работеше како тренер во периодот од 2017 до 2019 година. Претседателот Роко Комисо изрази големо задоволство од повторната соработка со искусниот стручњак.

„Навистина сум среќен што Стефано Пиоли повторно е дел од Фиорентина. Уште при нашиот прв разговор, веднаш препознав човек со исклучителни човечки квалитети, кој е подготвен целосно да се посвети на тимот и на градот што го познава и го сака“, изјави Комисо.

Пиоли последно беше тренер на саудискиот клуб Ал-Наср, а претходно речиси пет години го предводеше Милан, со кој ја освои титулата во Серија А во сезоната 2021/22. Во својата тренерска кариера ги има водено и Интер, Лацио и Болоња, додека како фудбалер играше за Фиорентина од 1989 до 1995 година.

- Оглас -

Најнови вести