„Стемфорд бриџ“ обоен во сино: „Добредојде дома“, Френк Лампард (фото)

Навивачите на Челзи приредија фантастичен пречек за нивниот милен Френк Лампард, кој од ова лето раководи со кормилото на клубот за кој играше 13 години. Сините во овие моменти играат против Лестер на „Стемфорд бриџ“, а пред самиот почеток на мечот од второто коло, трибините беа обоени во сино-бела комбинација, за да му посакаат добредојде дома на Лампард.

По дваесетина минути од средбата, домаќините имаат минимална предност со погодокот на Мејсон Маунт.

 

- Оглас -

Најнови вести