14.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Стерлинг максимално понижен: Никој не сакаше да го купи, па сега е прекуброен во Челзи

Овој летен преоден рок, челниците на Челзи повторно водеа активна трансферна политика, но некои играчи кои клубот сакаше да ги продаде на крајот останаа во тимот.

Еден од нив е Рахим Стерлинг, кој требаше да ја продолжи кариерата во друг клуб, но никој не покажал интерес да го купи од Челзи. Англискиот интернационалец, во минатото и репрезентативец, сега практично е во трет или четврти план во клубот.

Ова лето Челзи доведе неколку квалитетни засилувања, меѓу кои Жоао Педро, Џејми Гитенс и Алехандро Гарначо.

Проблемот на Челзи, сепак, останува продажбата на играчите, која не била доволно успешна за да се „избалансираат“ финансиските книги за сезоната. Нони Мадуеке замина во Арсенал, Кристофер Нкунку во Милан, а Жоао Феликс продолжи кај Кристијано Роналдо во Ал-Наср.

Стерлинг и покрај тоа што во последните часови од трансферниот рок беше поврзуван со Фулам и Кристал палас, не успеа да најде нов клуб. Како резултат на тоа, сега тој тренира одделно од првиот тим на Челзи и така ќе продолжи до јануари, кога се отвора нов трансфер-период и нова можност за него да најде клуб.

Според информациите, Стерлинг не сака да ја продолжи кариерата во друга земја, туку сака да остане во Англија.

- Оглас -

Најнови вести