19.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Стерлинг пред трансфер во Трабзонспор?

Рахим Стерлинг би можел наскоро да го облече дресот на Трабзонспор, откако турскиот клуб сериозно се активираше во обидите да го ангажира англискиот репрезентативец.

Иако е под договор со Челзи до јуни 2027 година, Стерлинг не влегува во плановите на менаџерот Енцо Мареска. По кратката позајмица во Арсенал, тој се врати на „Стемфорд Бриџ“, но изгледите за минутажа се мали, поради што клубот е подготвен да го продаде.

Преговорите меѓу Челзи и Трабзонспор наводно се веќе започнати, а лондончани би можеле да инкасираат околу 10 милиони евра, што е и пазарната вредност на Стерлинг во овој момент. Ова би можела да биде последна шанса за Челзи да заработи нешто од неговиот трансфер.

Во изминатиов период, интерес за него покажаа и Фулам, Јувентус и Кристал Палас, но турскиот клуб делува најконкретно и најрешително.

Стерлинг има 30 години и најголемите успеси во кариерата ги забележа во дресовите на Ливерпул и Манчестер сити. За репрезентацијата на Англија има 82 настапи и 20 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести