Стилот на Холандија не ни лежи, но Македонија има „осуммина играчи“ и верува во успех

Македонскиот машки ракометен национален тим вечерва од 18 часот во Вараждин ќе го одигра дуелот со Холандија од второто коло на Светското првенство, а нашите репрезентативци повторно се аутсајдери како во првата рунда против Унгарија, со која ремизиравме 27-27.

Македонија има лоши спомени од единствениот меѓусебен дуел досега со Холанѓаните. Со нив се судривме пред две години на СП во Полска и загубивме 24-34. Сега тимот на Кирил Лазаров е поискусен, ќе има многу поголема поддршка од трибините, фановите се осмиот играч и силен ветер во грб кој треба да биде искористен.

Холандија игра побрз ракомет од Унгарија и не ни одговара нивниот стил, но и македонскиот тим е млад и полетен, има сили и мотиви да му се спротивстави и на овој ривал, кој е добро и детално анализиран. Самодовербата кај Црвено-жолтите е голема, видовме дека можеме да бидеме рамноправни со тимот, кој се посилен на хартија според имињата, и вечер сигурно ќе има голема битка во Вараждин.

Според квотите во Sport Life, голем фаворит за победа е Холандија, но Македонија покажа дека е опасна кога ја потценуваат. Имате избор од 60-тина игри на кои може да се обложите за уште повозбудливо да ви биде следењето на мечот.

- Оглас -

Најнови вести