Стојанче Стоилов беше прогласен за играч на мечот против Јапонија. Пикерот даде шест погодоци,а врз него имаше и неколку фаули по кои беа досудени пенали за нашата селекција.
„Не се залетавме, одиме чекор по чекор. Светско првенство е, има многу мечеви. Задоволен сум, победивме. Во одбраната имаме да корегираме. Следи меч против Бахреин на кои сме фаворити, а потоа на следните три не сме фаворити и таму одиме на се или ништо. Со Бахреин се надевам дека ќе биде полесно, да добијат шанса и дебитантите, а и за да може и ние да бидеме посвежи за следните мечеви“, рече Стоилов веднаш по мечот.