Стојановски гостин во Кнежевството, Ним ќе има поддршка од илјада навивачи во Монако

Влатко Стојановски повторно ќе чека шанса од клупата за втор настап во дресот на Ним, денеска од 15 часот против Монако во малото кнежевство, а гостите ќе имаат голема поддршка.

Најавено е организирано гостување на околу 500 навивачи, а има најава и за самостојно доаѓање на уште отприлика толкав број на симпатизери на Ним на „Луј Втори“ во Монако.

Стојановски не играше против ПСЖ во Париз на премиерата од новиот шампионат во Лига 1, а потоа дебитираше за Ним на домашниот меч со Ница и играше околу 25 минути во финишот. Ним ги загуби и двата меча и сега ќе се обиде да остане непоразен за првпат во новиот француски шампионат.

Стојановски потоа ќе игра уште еден меч за Ним, против Брест на домашен терен на 31. август и ќе допатува на собирот на репрезентацијата на Македонија.

Единствениот наш фудбалер во француското првенство ќе добие повик од селекторот Игор Ангеловски за септемврискиот блок на квалификациски натпревари против Израел во Бер Шева на петти септември и против Летонија во Рига четири дена подоцна. За него ова ќе биде прв повик за 22-годишниот напаѓач во националниот состав на нашата земја.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести