Стојановски: Ќе дадеме сè од себе да го победиме Косово

Влатко Стојановски е подготвен за големата фудбалска битка против Косово на 8 октомври, а вели дека сите репрезентативци ќе го дадат максимумот за да се победи ривалот и да се стигне до одлучувачки меч за пласман на Европското првенство што ќе се игра идната година.

„Секако дека можеме да ветиме максимум напор и квалитет на теренот, а нормално е да очекуваме победа. Имаме уште три дена за да го анализираме стилот на игра на Косово. Многу ни значи овој меч и верувам во нова победа на македонската реппрезентација и приближување до главната цел, настап на Европско првенство“, изјави Стојановски.

Тој и уште 14-мина репрезентативци веќе го имаа првиот тренинг по пристигнувањето во Скопје, а се очекува утре да се комплетира составот што ќе игра против Косово на 8 октомври, на Националната арена „Тодор Проески“ за пласман во финалето во Сегментот Д од Лигата на нациите.

Ако Македонија победи, ќе игра со Грузија или Белорусија на гостински терен и победникот од тој дуел ќе патува на ЕП идната година.

 

- Оглас -

Најнови вести