Влатко Стијановски нема да дебитира за Ним на „Паркот на принцовите“ вечерва од 21 часот против ПСЖ во премиерниот меч за двете екипи во новото издание на Лига 1.
Македонскиот напаѓач и единствен наш играч во елитната француска лига не е во комбинација, односно во составот на Ним за гостувањето во Париз.
Нема да игра и Бразилецот Нејмар за домаќините, бидејќи се очекува тој да си замине од ПСЖ.
Стојановски ова лето од Ренова се пресели во Ним и е прв наш играч во најсилната француска лига по десеттина години пауза.