Стојановски не доби шанса, Ним ја искористи шансата за подвиг против Монако

Влатко Стојановски не играше за Ним против Монако и од клупата за резерви го следеше подвигот за реми 2:2 против фаворитот.

Единствениот македонски фудбалер во француското првенство ќе чека трета шанса за прв настап на гостински терен во дресот на Ним, откако не играше ниту на премиерата во Париз против Пари Сен Жермен.

Неговите соиграчи денеска се погрижија да се освои првиот бод во новата сезона, а приредија мини-сензација по негативата од 0:2.

Ислам Слимани и најголемото летно засилување Висам Бен Једер му донесоа предност на Монако од 2:0 уште во првото полувреме.

Но, Монако скапо ја плати глупоста на Џемерсон, кој преостро и непотребно стартуваше во 56. минута, па доби директен црвен картон. Подарокот го искористија гостите и со головите на Филипото во 70. минута и на Денки 12 минути подоцна израмнија на 2:2 и освоија еден бод, прв за нив по поразите од ПСЖ и од Ница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести