Војдан Стојановски, капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, успешно ја помина операцијата на коленото по здобиената повреда пред неколку дена.
Кошаркарот на Гравелин се оперираше во Австрија, вчера Др. Швенк го изврши оперативниот зафат, кој според Војдан поминал во најдобар можен ред, откако беше констатирано кинење на лигаментот.
Стојановски во понеделник претпладне треба да се врати во Скопје каде ќе што ќе го започне процесот на рехабилитација, која може да трае и до шест месеци.