Незгодна повреда на капитенот – Војдан Стојановски ги скина вкрстените лигаменти на коленото, паузата ќе биде шест месеци

Војдан Стојановски доживеа голем пех и тешка повреда на коленото на тренинг со својот клуб Гравелин во Франција и ќе мора долго да паузира, според првите прогнози веријатно и цели шест месеци.

Капитенот на македонската репрезентација при едно движење незгодно доскочил и има скинати предни вкрстени лигаменти на коленото, што е една од најтешките повреди кај спортистите.

Сега се очекуваат дополнителни прегледи и рентгентски снимки за да се утврди тежината на повредата и должината на паузата што го чека кошаркарот на Гравелин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести