29.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Стојчевски со деби од соништата за Жилина, го елиминира Интер од Лигата на шампионите

Младиот Андреј Стојчевски имаше деби од соништата во дресот на својот нов клуб Жилина. Талентираниот 18-годишен фудбалер денеска ги одигра последни 15-тина минути за младинскиот тим на Жилина, и тоа на дуел против Интер, во шеснаесетфиналето од младинската Лига на шампиони.

Жилина направи инзнеадување и со 3:1 го победи италијанскиот гигант. Стојчевски влезе при водство на домаќините од 2:1, а во последните моменти од мечот, Жилина постигна и трет погодок за заверување на победата.

Стојчевски во Жилина замина во зимскиот преоден рок правејќи трансфер и од редовите на Академија Пандев, каде што играше една и пол сезона. Стојчевски дебито во македонското првенство го имаше во дресот на Вардар уште во 2019 година.

- Оглас -

Најнови вести