Валенсија избори пласман понатаму со победа од 2-1 над нисколигашот Картагена во Купот на Шпанија, а македонскиот голман Столе Димитриевски беше меѓу клучните фигури на Лилјаците. Тој успеа да одбрани пенал во продолженијата.
Ортуно уште во 21-та минута го совлада Димитриевски и донесе водство од 1-0 за Картагена, кое остана активно сè до 80-тата минута, кога Белтран израмни на 1-1 и го одведе мечот во продолженија.
Во самиот финиш од дополнителните минути се случи вистински трилер. Картагена доби пенал, но Димитриевски блесна и го одбрани ударот во 119-та минута, по што Васкез само неколку моменти подоцна погоди за комплетен пресврт и конечни 2-1 за Валенсија.
🧤 DIMITRIEVSKI se hace GIGANTE y para el penalti!!! pic.twitter.com/QAdTUbX6KY
— ESPORTBASE Media (@esportbase) December 4, 2025

