Валенсија е елиминирана во четвртфиналето од Купот на Шпанија, откако на домашен терен загуби со 1-2. Македонскиот голман, Столе Димитриевски, ги одигра сите 90 минути, а во 75-тата минута успеа да му одбрани пенал на Хаурегираз, во моменти кога на семафорот беше 1-1.
Сепак, одбранетиот пенал на Димитриевски беше залуден, бидејќи гостите со голот на Ињаки Вилијамс во 96-тата минута дојдоа до триумф и пласман во полуфиналето од Купот на Шпанија.
Претходно, Садик си постигна автогол во 26-тата минута за водство на гостите од 0-1, а истиот фудбалер само девет минути подоцна погоди и во вистинската мрежа за израмнување на 1-1.

