Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е првата принова за фудбалскиот клуб Валенсија за следната сезона.
По обврските кон репрезентацијата, Столе замина во Валенсија и беше пречекан од претставници на Валенсија, клубот со којшто ќе потпише двегодишен договор, а имаше и новинари.
„Многу сум среќен и задоволен. Ме импресионира атмосферата на Месталја“, беа првите зборови на Столе по стапнувањето во Валенсија.
https://twitter.com/i/status/1800603572155085168