Екипата на Валенсија загуби на гостувањето кај Осасуна со 1-0. Единствениот гол на мечот беше дело на хрватскиот интернационалец, Анте Будимир, во деветтата минута, а „лилјаците“ играа со играч помалку од 22-рата минута, откако Гаја беше исклучен.
Она што нас нѐ интересира, Столе Димитриевски се врати во составот на Валенсија, но како резерва, а помеѓу стативите беше Хулен Агирезабала. Целото лето се шпекулира дека Димитриевски ќе си замине од Валенсија, а се очекува неговиот следен клуб повторно да биде од шпанската Ла Лига.