Столе е херој на Валенсија, го „излуде“ Винисиус кој доби црвен картон (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е клучна фигура на Валенсија на дуелот против Реал Мадрид. Неговиот тим имаше водство од 1-0, а Столе Димитриевски откако успеа да го „маѓепса“ Џуд Белингам да не погоди од 11 метри, во 78-та минута го „излуде“ и Винисиус јуниор кој доби црвен картон.

Бразилецот го удри без топка Столе Димитриевски, а по прегледување на ВАР-снимката му беше доделен црвен картон на Винисиус.

Сепак, во 85-та минута Лука Модриќ успеа да погоди за 1-1.

- Оглас -

Најнови вести