Столе Димитриевски вечерва на голот на Рајо Валјекано ќе се обиде да приреди уникатен подвиг во историјата на шпанскиот фудбал и да биде прв голман во Ла Лига што не примил гол на три меча по ред против двете најсилни екипи од Каталонија, Барселона и Еспањол.
Минатиот викенд со прекрасни интервенции на „Камп ноу“ веќе нанижа хет-трик без примен гол на дуелите со Барселона, а вечерва од 20 часот на „Корнел ел Прат“ има шанса за трипит и против Еспањол.
Македонскиот репрезентативец лани бранеше на двата меча со Еспањол во Ла Лига и Рајо Валјекано двапати победи со 1:0.
Ова ќе биде премиерниот меч од второто коло во Ла Лига, а и двете екипи на стартот ремизираа како гости, Рајо со Барселона 0:0, а Еспањол со Селта во Виго, 2:2.