Столе ги „смрзна“ играчите на Барса, погледнете што промаши Гави (Видео)

Столе Димитриевски е јунакот на Рајо Валјекано во победата против Барселона со 1:0, што тој и соиграчите долго ќе ја паметат.

Македонскиот репрезентативец му одбрани пенал на Мемфис Депај во 72-рата минута и не му дозволи шпанскиот гигант да се спаси од пораз.

Столе бранеше фантастично во текот на целиот меч, кој траеше речиси 100 минути, а токму во последните моменти имаше и многу среќа.

Големиот талент на Барселона, 17-годишниот Гави, промаши од чиста позиција и Рајо Валјекано конечно ја победи Барселона по цели 19 години на Валјекас во Мадрид.

Моментот од 98-мата минута и промашувањето на Гави можете да го погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести