Столе Димитриевски е херојот на чудото на денот: Рајо Вајекано ја победи Барселона! (Видео)

Столе Димитриевски стигна до највредната победа во клупската кариера откако со Рајо Вајекано ја победи Барселона со 1:0. Не само што Димитриевски не прими гол од каталонскиот гигант, туку тој е и херојот на мечот. Голманот на македонската репрезентација беше кошмар за ѕвездите на Барселона, Серхио Агуеро, Мемфис Депај, Кутињо, Де Јонг, Гави…

Рајо Вајекано поведе со голот на Радамел Фалкао во 30-тата минута, но клучниот потег на мечот се случи во 72-рата минута. Беше досуден пенал за Барселона, а Депај реши да го изведе ударот од белата точка. Димитриевски одлично го процени шутот и успеа речиси „жива“ да ја фати топката по шутот на холандскиот репрезентативец.

Одбранетиот пенал може да го видите ТУКА.

Освен пеналот, Димитриевски имаше уште пет успешни одбрани и го откажа големите ѕвезди на гостите, а тренерот на Барселона, Роналд Куман, може да добие и отказ.

До пред овој меч Барселона имаше наредено 14 победи во низа во дуелите со Рајо Вајекано, а тимот од Мадирд се радува на првата победа против каталонскиот гигант по пауза од 19 години. Низ историјата, само трипати се случило Барселона да промаши пенал во дуелите со Рајо Вајекано. Претходно промашиле само уште Луис Фиго и Луис Суарес, а од вечерва и името на Депај е на таа листа, и тоа благодарение на одбраната на нашиот Димитриевски.

- Оглас -

Најнови вести