По две победи и две чисти мрежи на Столе Димитриевски и Рајо Ваљекано, следуваше вистински дебакл и пораз од 0-7 од Атлетико Мадрид на домашен терен.
Клубот од предградието на Мадрид лошо го отвори мечот и уште во втората минута беше во негатива откако Гриезман беше прецизен. Веќе во 16-тата минута Атлетико го удвои водството преку Депај, а до крајот на првиот дел прецизен беше и Молина во 36-тата минута.
Ако првото полувреме беше лошо за Рајо, тогаш второто беше катастрофално бидејќи Јорганџиите постигнаа уште четири погодоци. Алваро Мората двапати беше прецизен, во 73-тата и 84-тата минута, додека Кореа во 79-тата и Љоренте во 86-тата минута ја запечатија катастрофата на Рајо Ваљекано.
На целиот натпревар Атлетико Мадрид упати 10 удари во рамките на голот на Димитриевски, а нашиот голман успеа да одбрани само три.
— FootbSmart (@footbrowls) August 28, 2023
— FootbSmart (@footbrowls) August 28, 2023
— FootbSmart (@footbrowls) August 28, 2023
— FootbSmart (@footbrowls) August 28, 2023