Столе ја сочува мрежата чиста, Рајо им се врати на победите (Видео)

После два порази во низа, од кој едниот катастрофален од Атлетико Мадрид со 0-7 на домашен терен, екипата на Рајо Ваљекано се врати на победничките патеки и го совлада Алавес дома со 2-0.

Нашиот голман, Столе Димитриевски, беше одличен и не дозволи да биде сосвладан, што трета чиста мрежа за него оваа сезона.

Победата за Рајо Ваљекано ја донесоа Палацон во 43-тата минута од пенал и Де Фрутос во 82-рата минута.

Клубот од предградието на Мадрид со оваа победа се искачи на четвртата позиција на табелата со 9 бодови, но останатите екипи викендов ќе ги одиграат своите натпревари од петтото коло на Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести