19.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Столе како октопод на голот, има голема заслуга за победата на Рајо (Видео)

Рајо Ваљекано ја победи Алмерија со 2-0, а голем придонес за триумфот има и македонскиот голман Столе Димитриевски, кој ги спречи сите опасни обиди на гостите да постигнат гол.

Вториот гол за Рајо беше дело на резервата Алваро Гарсија, кој ја затресе мрежата на Алмерија само 19 секунди по влегувањето во игра.

По оваа победа, Рајо е петти на табелата, со три бода помалку од четвртиот Атлетико Мадрид.

https://twitter.com/i/status/1622695344655175680

- Оглас -

Најнови вести