Рајо Валјекано и Малага ремизираа без голови во мечот од 37-то коло во шпанската Втора лига, што за Столе Димитриевски значеше дека по третпат ја сочува мрежата празна откако продолжи сезоната.
Македонскиот голман во шест настапи во јуни и јули месец прими пет гола, додека во три наврати успеа да ја сочува мрежата.
Сепак, на Рајо ова реми не му одговара бидејќи му попречи во плановите да избори пласман во разигрувањата за враќање во елитата. Рајо по 37 меча е на осмото место на табелата со 50 бода, два помалку од шестопласираната Жирона.