Столе тргна со победа по прекинот, и тоа во најбизарниот меч во историјата на Шпанија

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски тргна со триумф по продолжувањето на сезоната во Втората лига на Шпанија. Македонецот сочува празна мрежа за Рајо Валјекано во минималната победа од 1-0 против Албасете, во мечот кој се доигра по паузата од шест месеци.

Најбизарниот меч во историјата на шпанскиот фудбал, кој се прекина на 15 декември по 45 минути игра, конечно го дочека крајот вечерва и заврши во полза на домаќините, а трите бода ги донесе Адвинкула во 61-вата минута. Рајо имаше психолошка предност што остатокот од мечот го доигра со играч повеќе, ако се знае дека Силвестре доби црвен картон во првото полувреме кое се играше пред шест месеци.

Рајо Валјекано со овој триумф влезе во битка за местата кои водат во разигрувањата за пласман во шпанската елита, а моментално е на седмото место со 43 бода, три помалку од шестопласираниот Елче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести