Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, по 100-ти пат брани за Рајо Валјекано на прволигашки меч во шпанската Ла Лига, и стана првиот голман на кој му пошло тоа од рака.
Само четворица странци одиграле 100 или повеќе прволигашки мечеви за Рајо, Димитриевски е еден од нив, но прв голман.
Попладнево Столе има доста работа против Реал Сосиедад, имаше една прекрасна интервенција, но две минути подоцна сепак беше немоќен и прими гол.
https://twitter.com/i/status/1718661650369155459