Австроунгарски спринт со драматичен фото-финиш донесе добивка од 82.000 денари во Македонска Каменица

Обложувач во Sport Life со уплатен тикет во Македонска Каменица преживеа невидена драма на два од шестте натпревари што ги погоди за добитен тикет, вреден 82.360 денари во бруто-износ со уплата од 100 денари.

Се чекаа голови за прво место во две од четирите групи во Сегментот Б од Лигата на нациите, а во последните секунди ги постигнаа Австријците и Унгарците.

АВСТРИСКО-УНГАРСКИ СПРИНТ ЗА ДОБИВКА ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Спринтот на Кевин Варга во 95-тата минута на „Пушкаш арената“ беше импресивен, а вториот гол за Унгарците против Турција за победа од 2:0 им донесе многу радост на домаќините, пласман во Сегментот А и супер добивка во Македонска Каменица.

На добитниот тикет беше одигран комбиниран тип 1&T1, а речиси истовремено на „Ернст Хапел арената“ во Виена, Андрија Грбиќ со гол во 94-тата минута израмни на 1:1 на дуелот меѓу Австрија и Норвешка, таман за ГГ и за огромна радост со многу драма на добитниот тикет во Македонска Каменица.

Претходно беа погодени победата на младите италијански фудбалери против Шведска, триумфот на Белгија против Данска и на Англија со Исланд, со прецизно одигран знак 2+I&1+II на дуелот меѓу Моркамб и вториот тим на Манчестер јунајтед.

МЕРАК БЕА МЕЧЕВИТЕ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИИТЕ

Рубен Дијас ретко постигнува голови, но стоперот на Португалија беше на вистинското место и погоди во вистинско време, во 90-тата минута на „Пољуд“ во Сплит за голема радост во Гостивар и добитен тикет од 112.156 денар во бруто-износ, уплатен во Sport Life.

Со уплата од 210 денари, до ќар од околу 1.500 евра нето стигна обложувач со уплатен тикет во Гостивар, а одиграни се 11 натпревари.

Во циклусот предвиден за репрезентациите во Лигата на нациите, квалификациите за пласман на Африканскиот куп на нации и јужноамериканскиот филтер за пат на Мундијалот во Катар имаше одлични резултати, супер одиграни добитни тикети, а серијата продолжи и во Гостивар.

Мајсторски се погодени 11 двојки, а на 10 од нив речиси и да немаше неизвесност. Се чекаше само победа на Португалија во Сплит против Хрватска за одлична добивка, а ја донесе стоперот на Манчестер сити со гол во 90-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести