Стотиoт гол на Салах во Премиер лигата, и повредата на Елиот ја одбележаа победата на Ливерпул (видео)

Мохамед Салах стана 30-ти фудбалер во историјата кој постигнал 100 гола во Премиер лигата, и придонесе за победата на Ливерпул на гостувањето кај Лидс од 3-0.

Само четири легенди побрзо стигнале до стотка од Салах. На Салах му требаа 162 меча за 100 гола. Помалку средби за да дојдат до 100 гола во Премиер лигата им требало само на Алан Ширер (124), Хари Кејн (141), Серхио Агуеро (147) и Тјери Анри (160). Од овие 100 голови, 98 се во дресот на Ливерпул, а два за Челзи.

Средбата ја одбележа и тешката повреда на младиот Елиот, кој мораше да го напушти теренот после еден многу опасен старт на Страјк за кој фудбалерот на Лидс доби црвен картон.

Ова е јубилејниот стоти гол на Египќанецот во англиското првенство:

https://twitter.com/i/status/1437082071562956805

- Оглас -

Најнови вести