Страшен инцидент на Комонвелт игрите – Олимписки првак директно со велосипед летна во публика, има многу повредени (Видео)

Двајцата британски велосипедисти, Мет Волс и Метју Босток завршија во болница по ставичниот инцидент на Игрите на Комонвелтот што се одржуваат во Бирмингем.

При судар на седуммина велосипедисти на патеката, двајца од нив, Волс и Босток завршија со лет преку заштитната ограда и на трибините меѓу гледачите.

Мет и Метју се пренесени во болница, а останатите петмина велосипедисти и дел од луѓето во публиката за среќа минаа без сериозни повреди.

Најтешко мина олимоискиот првак Волс на кого му се укажуваше помош над 40 минути, по летот со велосипедот во публика.

Објавено е дека е при свест и во стабилна состојба.

Квалификациите на велодромот во Бирмингем беа прекинати по страотниот инцидент.

https://twitter.com/Tribunadeportes/status/1553762066284122113?s=20&t=AIfi_aTDV5l-RHBwaVV-VA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести