Во Индонезија се возеше втората трка од Мото ГП шампионатот, на која победи Мигуел Оливеира, но неговиот триумф остана во сенка на страшниот пад на Марк Маркез.
Осумкратниот првак Маркез и во текот на квалификациите два пати падна и требаше да стартува од 14. позиција на денешната трка. Сепак, за време на загревачкиот круг, Маркез изгуби контрола над моторот и доживеа тежок пак.
Организаторите соопштија дека Маркез има потрес на мозокот. За поголема сигурност, трката која се возеше на дожд, беше намалена од 27 на 20 кругови, а Оливеира со КТМ беше најбрз пред Фабио Квартарара на Јамаха и Јохан Зарка со Дукати.