Страшна несреќа во Палермо: Брат и сестра починаа од срцев удар иако беа професионални фудбалери

Што ли се случува со модерниот фудбал во последно време?

Редовно од медиумите низ светот доаѓаат вести за прерано заминување од овој свет на млади играчи кои допрва треба да го освојуваат врвот на овој спорт.

И не само во помладите, туку и професионалците во последно време имаат голем број заболувања коишто вклучуваат срцеви болести.

Кристијан Ериксен е жив благодарение на брзата интервенција на медицинските лица, а понов е случајот на Серхио Агуеро, кој ќе паузира најмалку три месеци поради проблеми со срцева аритмија.

Уште една лоша вест доаѓа овојпат од Италија, каде што во период од два месеци, Викторија и Александар Кампо, кои се сестра и брат и настапувале за тимовите на Палермо, починаа поради срцев удар.

Викторија, која има 23 години, почина денеска и со тимот на Палермо успеа да се пласира во втората женска лига на Италија. И покрај тоа што брзата помош реагилара за кратко време, таа починала во болница, а подоцнежните испитувања потврдија што било причина за смртта.

Нејзиниот брат, пак, го напушти овој свет пред два месеци, како што пишавме погоре, поради срцев удар.

 

- Оглас -

Најнови вести