Брајтон поведе со 1:0 во дуелот против Тотенхем, а голманот на гостите Уго Љорис заработи тешка повреда. По еден центаршут, делуваше дека Љорис треба лесно да интервенира и да ја скроти топката, но францускиот голман згреши. Едвај успеа да ја скроти топката да не влезе во голот, но потоа Љорис падна директно на раката и тешко се повреди.
Лекарите реагираа, па на носилки со маска за кислород на лицето беше изнесен од теренот.