Денвер го победи Бостон со 96:92 во дербито на денот во НБА лигата, но мечот ќе се памти по повредата на Кемба Вокер. Ѕвездата на Бостон остана да лежи неподвижен на теренот, по еден судар со својот соиграч.
Вокер успеа да украде една топка на противникот, но потоа загуби контрола во движењето и со главата се удри во соиграчот. Играчот на Бостон остана да лежи на теренот и мораше да реагираат лекарските екипи. Иако делуваше многу загрижувачки, се покажало дека повредата не е многу сериозна и дека Вокер има симптоми кои се јавуваат како кога се има потрес на мозокот.
Вокер летоска стигна во Бостон, а во просек даваша по 22,6 поени на меч.