Африканските квалификации за СП се неповторливи – Војска ги окупира гостите, но и со закани по живот не загубија (Видео)

Светската куќа на фудбалот, ФИФА, очигледно е неподготвена да се справи со големите инциденти што се случуваат на африканскиот континент во квалификациските натпревари за пласман на Мундијалот во Катар, а бизарен, но и опасен случај имаше во Антананариво во Мадагаскар.

Пред мечот меѓу домашната селекција и Танзанија, војска влегла во хотелот каде што биле сместени гостинските репрезентативци и со закана со оружје сакале да ги приведат.

Инцидентот е страшен, репрезентативците на Танзанија биле преплашени и стравувале и за своите животи, а наводно причината за упадот на војската на Мадагаскар е сомнежот дека кај гостите има заразени со ковид-19.

Мечот се одигра и немаше резултатско значење бидејќи и двете репрезентации се елиминирани од битката за настап на Светското првенство во Катар идната година.

Танзанија вложи жалба до ФИФА за односот на домаќините, а мечот заврши нерешено, 1:1.

Претходно во овој квалификациски циклус и Мароко имаше многу проблеми, а во септември фудбалската експедиција едвај спаси жива глава во Гвинеа.

Таму имаше воен удар, па Мароканците беа извлекувани од хаосот како на филм. Некако успеаја да стигнат до аеродромот во Конакри и безбедно да се вратат дома.

 

- Оглас -

Најнови вести