Страшна шпанска доминација во ЛШ – Реал и Барселона се колекционери на рекорди

Реал Мадрид и Барселона се вистински колекционери на рекорди во Лигата на шампионите, а двата шпански фудбалски гиганти и буквално сами се натпреваруваат за врвните достигнувања.

Реал Мадрид е најтрофеен клуб во Лигата на шампионите со 13 трофеи, а Кралскиот клуб има и најмногу бодови, откако Купот на европските шампиони се преименува по сегашниот формат како Лига на шампиони.

Реал има вкупно 305 бода, пред Барселона со 301. Барса, како напомена, има вкупно пет титули во КЕШ и ЛШ.

Двете екипи имаат најмногу учества во фазата по групи, по 24, од кои Барселона е рекордер со дури 18 први места во групите во кои настапувале Каталонците.

Реал Мадрид е најефикасен тим што воопшто настапува во ЛШ со 344 голови, пред Барса со 316. Двата клуба се и во групата на екипи што имаат најмногу победи во иста сезона, по шест заедно со Милан, ПСЖ и Спартак Москва.

Реал во сите 24 обиди успеал да ја мине фазата по групи, а голем дел и од поединечните рекорди се на сегашни или поранешни играчи на шпанскиот тандем фудбалски великани, што само ја зацврстува доминацијата во луксузното натпреварување на двата ривали од Ел Класико.

 

- Оглас -

Најнови вести