Еден од најтешките инциденти во Ф1 шампионатот во последните неколку години се случи денеска на патеката Силверстоун во Англија. Кинескиот возач Гуанжу Џоу најмногу настрада, откак неговиот болид се преврте и буквално се лизгаше неколку стотина метри по патеката, а потоа кога требаше да заврши во заштитната ограда, „летна“ кон трибината на која имаше навивачи.
За среќа, заштината мрежа не дозволи трагичен крај за некој од гледачите, кои буквално бегаа по трибината кога видоа дека билодот неконтролирано „лета“ кон нив.
https://twitter.com/i/status/1543602139947323392
За среќа, ниту еден од возачите кои беа дел од инцидентот не е посериозно повреден.