Двајца возачи завршија на прегледи по страотниот судар на Силверстоун

Страотен судар на стартот привремено ја прекина трката за Големата награда на велика Британија.

На патеката Силверстоун се случи верижен судар во кој страдаа повеќе болиди, а од таборот на Формула 1 информираа дека на двајца возачи им била укажана лекарска помош.

Возачот на Вилијамс Алекс Албон, како и членот на Алфа Ромео, Жу Гуању, мораа на дополнителни прегледи. Двајцата се во добра состојба, но ќе се следи нивната ситуација.

Во меѓувреме во овие моменти трката продолжи со рестарт од пол-позициите.

- Оглас -

Најнови вести