10.8 C
Skopje
сабота, 28 февруари 2026

Страшно: меч од јуниорската Евролига прекинат поради опасност од бомбардирање (Виде)

Натпреварот Арис – Монако од јуниорската Евролига кој се играше во Абу Даби, беше прекинат како превентивна мерка за безбедност.

„Евролигата и домаќинот активно ја проценуваат ситуацијата, а дополнителни информации ќе бидат соопштени навремено“, објавија од Евролигата. 

Причина за прекинот по кој сите присутни беа замолени да одат во соблекувалните, е бомбардирање врз воени бази во близина на салата. Ситуацијата на Блискиот Исток е исклучително напната по нападот на Израел врз Иран, а земјите во регионот се во состојба на зголемена готовност.

Играчите биле евакуирани, а и целиот квалификациски турнир е одложен.

- Оглас -

Најнови вести