Лоренцо Гобо е 16-годишен велосипедист од Италија, кој претрпе страшна несреќа на Европското првенство за јуниори на шампионатот во Гент. Додека беше на патеката, Гоби загуби контрола и падна, а во телото беше прободен со дрво, откорнато од патеката.
Италијанецот имал проблеми со педалата, парчето дрво било поткорнато, а Италијанецот со педалата ги скршил дрвото, кое завршило во неговото тело. Велосипедистот бил прободен во белодробното крило, па веднаш бил однесен на операција.
„Лоренцо се чувствува добро. но ќе остане на интензивна нега, поради можност од инфекција“, изјави Франк Флорио кој е извршен директор на Европското првенство.