Стравот од елиминација мрежите ги чува

Сент Луис блус – Далас старс (НХЛ, 02 часот)

Супер плејоф се игра во НХЛ, со неколку многу добри и неизвесни серии, а едната од нив секако е седмобојот меѓу Сент Луис и Далас.

Ноќеска во „Ентерпрајс центар“ во Сент Луис ќе се игра седмиот решавачки меч за првиот финалист во Западната конференција. Популарната мајсторка ќе го даде конечниот епилог на оваа долга и возбудлива серија натпревари меѓу два изедначени тима.

Сент Луис игра подобро на гости отколку дома во плејофот, но сега е фаворит за триумф бидејќи ќе ја има поддршката од својата публика. Во НХЛ тоа е значајна предност, но сепак одлуката ќе „падне“ на мразот.

Досега и двата состави играа офанзивно со доста голови на шесте меча, а немаше ниту едно реми, односно одлука со гол во продолженија.

Седмиот меч е специфичен, веќе ќе нема шанси за поправен испит, па очекуваме седма рунда со помалку од шест голови и дури за похрабрите и нерешен резултат во регуларниот дел од мечот.

Предлог тип: <5.5 гола (1.57) 

 

Паскал Сијакам (Торонто репторс – Филаделфија 76, НБА, 02 часот)

Крилото на Торонто игра извонреден плејоф, но проблем за Репторс е што има повреда која не е докрај санирана. Беше проблематичен неговиот настап на претходниот меч, но Паскал стисна заби и играше.

Торонто победи, но стравува дали вториот стрелец во тимот ќе може да даде максимум ноќеска, во петтиот дуел меѓу двата одлични состави, што може и да биде клуч на успехот на една од двете екипи.

Сијакам речиси сигурно ќе игра, но верoјатно со помала минутажа, па ќе типуваме дека нема да ја мине границата од 18,5 поени, колку што е поставено во додатокот на Sport Life за НБА-плејофот.

Предлог тип: Сиакам <18.5 (1.75)

 

Кавај Ленард (Торонто репторс – Филаделфија 76, НБА, 02 часот)

Ленард игра симултанка со одбраната на Филаделфија во сите четири дуели од плејофот, а бројките му се импресивни. Почна со 45 поени, продолжи со 35 и 33, а во четвртиот меч забележа 39 поени.

Тоа е учинок во џордановски стил и на плеќите на Кавај, Торонто рамноправно се носи со одличниот состав на Фили.

И треба да се напомене дека не му е лесно, бидејќи против себе го има Џими Батлер, еден одличен дефанзивец, кој сепак нема лек за неверојатното крило на Торонто.

Кавај е во налет, го ангажираа за да се обидат да стигнат далеку во плејофот и тој засега ја извршува мисијата. И ноќеска е прв кандидат од сите што ќе настапат да ја мине триесетката во поени.

Предлог тип: Ленард >32.5 поени (1.85)

 

Никола Јокиќ (Денвер нагетс – Портланд трејлблејзерс, НБА, 04.30 часот)

Сензационалниот центар на Нагетс на секој меч има по некоја магија. Одигра над еден час на третиот историски меч со четири продолженија и кога сите мислеа дека не може да го издржи темпото, на следниот меч со Портланд забележа трипл-дабл.

За Јокиќ нема тајни во кошарката, знае и да поентира и да асистира и да скока, па трипл-дабл учиноците му се редовна појава. И ноќеска, во петтиот меч против Трејлблејзерс од него се очекува да го предводи Денвер кон нова победа, што би значело само една станица до финале во Западната конференција.

Предлог тип: Јокиќ >44.5 поени+асистенции+скокови (1.85)

 

Џамал Мареј (Денвер нагетс – Портланд трејлблејзерс, НБА, 04.30 часот)

Како што одминуваат мечевите од полуфиналната серија против Портланд, бекот на Денвер игра сè подобро. Почна со 23 поени, продолжи со 15, а на последните два дуели импонира со играта и постигнуваше двапати по 34 поени.

Мареј одлично ја води играта на Денвер и иако има само 22 години, се промовира во еден од најдобрите во НБА-лигата. Канаѓанецот е многу воигран со Јокиќ, имаат одлична игра два на два и кога ќе се постават во нападот, нема одбрана од нив двајца.

И ноќеска се очекува Мареј да диктира темпо. Со него во препознатлив стил и со Јокиќ во елемент, Денвер има одлични шанси за победа.

Предлог тип: Мареј >21.5 поени (1.90)

 

 

- Оглас -

Најнови вести