Стрелецот на голот вреден финале: Толку многу славев што ќе се онесвестев

Давиде Фратези го постигна голот за победа на Интер од 4:3 против Барселона и пласман во финалето на Лига на шампиони. Фратези во игра влезе во 79 минута, а погоди во 99 минута за 4:3.

По мечот, херојот Фратези открива дека малку фалело да се онесвести и тао од радоста по постигнатиот погодок.

„Имав среќа да го доиграм мечот затоа што толку многу славев по постигнатиот гол што ми се сврте во главата. За малку ќе се онесвестев. Морам да им се заблагодарам на лекарите затоа што вчера имав напрегање во стомакот, но тие направија неверојатна работа и ме подготвија за мечот. Ова е нешто неверојатно. Кога го елиминравме Баерн Минхен, мислев дека нема да можам да ја повторам таа емоција, но вечерва беше уште поневеројатно. Ова е убавината на фудбалот“, задоволно коментираше херојот Фратези.

Стрелецот на чтвртиот гол вели дека откако израмниле на 3:3, бил сигурен дека ќе победат.
„Не ми се веруваше, но кога стигнавме до 3:3 му реков на Маркус да не се грижи затоа што ќе победиме“, вели Фратези.

- Оглас -

Најнови вести