Енис Барди, Бојан Миовски, Елиф Елмас и Илија Несторовски се квартетот офанзивци што стрелаа прецизно викендов за своите клубови, а ќе бидат меѓу главните адути за победа против Финска на 17 ноември во Скопје на пријателски меч.
Сите од денеска му се на располагање на селекторот Благоја Милевски, а би било фино да ја победиме Финска во еден од двата последни пријателски дуели со тој против Азербејџан на 20 ноември ,пред почетокот на квалификциите за ЕП 2024 во Германија.
Вечерва, непосредно пред почетокот на тренингот од 17 часот пристигнаа и капитенот Стефан Ристовски и Бобан Николов, па и тие веднаш се приклучија.
Има и искусни и дебитанти, меѓу нив за првпат е и Мартин Мирчевски од ТСЦ Бачка Топола као знак дека добрите игри и голови мора да се наградат со повик во репрезентацијата.
Мечот со Финска ќе го играме на 17 ноември на Арената „Тодор Проески“ во Скопје од 18 часот, а билетите веќе се во продажба по цена од 150 и 200 денари.
Иста ќе биде цената и за дуелот со Азербејџан на 20 ноември од 14 часот на истиот стадион во Скопје.