Екипата на Струга Трим Лум има негатива од 1-0 по првите 45 минути против Брејдаблик на Исланд.
Домашната екипа уште многу рано, само по 150-тина секунди дојде во водство од 1-0 со погодок на Виктор Карл Еинарсон.
Струга има негатива од 0-1 од првиот меч кој се одигра во Охрид, иако комплетно го надигра противникот, а сега ќе мора да постигне најмалку два погодоци за 45 минути и да се избори барем за продолженија, со што ќе продолжи сонот за пласман во групната фаза на Конференциската лига.