Во последниот натпревар од 24-тото коло во Првата македонска фудбалска лига, шампионот Струга ТЛ славеше со 2:1 на гостувањето кај Работнички.
Со оваа победа, Струга ТЛ повторно е лидер на табелата со 51 бод, три повеќе од Шкупи, додека Работнички го доживеа третиот пораз по ред и остана на осмото место на табелата со 27 освоени бодови.
Сите три гола на мечот кој се играше на Националната арена „Тодор Проески“ беа постигнати во второто полувреме, шампионот поведе со голот на Радески во 52-та минута.
Влатко Стојановски во 69-тата минута израмни на 1:1, но радоста на Романтичарите траеше само една минута бидејќи Влајковиќ погоди за 2:1.